Американскиот режисер Вуди Ален смета дека претседателот на САД, Доналд Трамп го поттикнува
најдобриот сатиричен хумор во земјата последниве години.

– Има толку критики и жалби на сметка на администрацијата на Трамп, така што сé тоа се претвори
во најдобрата и најкреативна сатира последниве години во САД, изјави Ален (83) пред новинарите
во Сан Себастијан каде што почнува со снимање на новиот филм.
Тој смета дека понекогаш невротичната напнатост и тешките случувања полесно ги засмеваат
луѓето.
– Комедијата практично функционира во секоја прилика, макар тоа било и гласна или невротична
смеа, додаде режисерот.