Сури Круз – копија на нејзиниот татко, Том

од Vlatko K
202 прегледи

За време на нејзината прошетка по улиците на Њујорк со нејзината мајка Кејти Холмс, Сури Круз
изгледаше насмеано и ги поздравуваше минувачите.

Минатиот четврток, Том Круз имаше настап на „Комик Кон“ во Сан Диего за кога го претстави
вториот дел од легендарниот филм „Топ Ган“.

Четири дена подоцна, на другиот крај на земјата, во Њујорк, вниманието беше посветено на
неговата ќерка Сури. Во понеделникот, таа беше видена во областа Менхетен со нејзината мајка.
Облечена во розова, Сури Круз уживаше во сончевиот ден. 13-годишната девојка очигледно ги
наследила очите на нејзиниот татко, но и големите бели заби.

Помеѓу двата разговори со нејзината мајка таа беше видена како ги поздравува минувачите со ист
ентузијазам како актерот. Можеби таа не го гледа нејзиниот татко по разводот на холивудската
ѕвезда со Кејти Холмс, но во секој случај наследството е загарантирано …