Роналдо заработува најмногу од Инстаграм кај спортистите

од Vlatko K
272 прегледи

Мега-ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, заработува најмногу во светот на спортот од
публикациите на Инстаграм.


Податоците се на аналитичарите од сајтот „Hopper“.

Секој промотивен пост на португалскиот репрезентативец, кој има 176 милиони следбеници, му
носи во просек од 874.361 евра.

Бразилецот Нејмар од Париз Сен Жермен е на второто место со 647.417 евра, а третото место е за
Лионел Меси, кој во просек добива 581.061 евра на рекламен пост.

Во топ 10 на спортистите се уште Дејвид Бекам, Леброн Џејмс, Роналдињо, Герет Бејл, Златан
Ибрахимовиќ, индискиот крикет играч Вират Коли и Луис Суарез.

Најпознатата личност, која заработува најмногу од социјалната мрежа, е Кајли Џенер.