Жан-Пол Готие: Три пати и понудив брак на Мадона

од Vlatko K
138 прегледи

Легендарниот моден дизајнер, Жан-Пол Готје призна дека многу ја сакал Мадона, па дури и понудил
брак.


67-годишниот дизајнер се појави во телевизиско шоу за својот јубилеј – 50 години во модата и
зборуваше за своето ново кабаре шоу во Лондон.

Кога водителката го праша за неговите музи, тој рече дека сака да работи со Мадона и се пошегува
дека дури и ја прашал дали ќе се омажи за него, не еднаш, туку трипати.

Тој, исто така, призна дека првично го направил познатиот конусен градник, што таа го носи за
некој друг – неговото мече.

Водителката го праша дали е вљубен во Мадона, а тој вели: „Да, малку, три пати ја замолив да се
омажи за мене и таа рече не“.

Потоа големиот дизајнер зборуваше за неговата инспирација, велејќи: „Лондон ме инспирира многу
повеќе, Париз е снобовски, Лондон е ексцентричен и сè е многу реално“.