Мета побара од ОБСЕ да посредува во надминување на кризата во Албанија

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Албанскиот претседател Илир Мета на синоќешната средба со генералниот секретар на организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, Томас Гремингер, побарал ОБСЕ што поскоро да посредува меѓу политичките партии во земјата за решавање на кризата.

-ОБСЕ има посебно значење за евроатланската безбедност и за Албанија посебно. Таа е првата мултилатерална организација во која Албанија се приклучи по падот на комунизмот и која даде континуирана поддршка за зајакнување на демократијата и владеењето на правото во нашата земја. За да се врати нормалното функционирање на демократските институции и да се избегне натамошна ескалација на многу критичната ситуација во земјата, во интерес на кредибилитетот на ОБСЕ е што поскоро да се вклучи во надминување на сериозната криза во Албанија, рекол Мета.

Посочил дека и покрај неговите постојани и конкретни напори што ги презема досега за да ја спречи оваа ситуација, а поради обидите што ги превземаат одредени страни, уште повеќе е „уверен дека единствен начин е сеопфатен и искрен политички дијалог кој обезбедува целосно и конечно решение на оваа криза“.

Гремингер чиј престој во Тирана е во функција на подготовките на земјата за преземање на претседавањето со ОБСЕ во 2020 година се огласи на Твитер

-На средбата со претседателот на Албанија, се согласивме дека стабилноста и националното единство се клучни за напредокот и успехот. Албанија претседавач на ОБСЕ во 2020,напиша Гремингер на Твитер