Трамп повикува за нови закони за построга контрола при купување оружје

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Американскиоот претседател Доналд Трамп ги повика денеска членовите на Конгресот да донесат закони со кои ќе се бараат построги проверки на минатото на купувачите на огнени оружја.

Трамп на Твитер нагласи дека „републиканците и демократите треба да се обединат и да одобрат построги проверки на минатото веројатно комбинирајќи го ова законодавство со многу потребната имиграциска реформа“.

Повикот на Трамп следува по двете масовни убиства во викендот во САД кога беа убиени 29 луѓе.