Русија затвори за пловидба дел од Бело Море поради експлозијата

од desk2
742 прегледи

Русија на еден месец затвори за пловидба дел од Бело Море по експлозијата на ракетен мотор на воен полигон во близина на Архангелск.

Во експлозијата загинаа две лица, а четворица се повредени.

Руското Министерство за одбрана претходни соопшти дека експлозијата се случила за време на тестирање на мотор на течно гориво.

Во соопштението од руското МО се истакнува дека по експлозијата во атмосферата не се испуштени отропвни материи, а нивото на радијација е во нормални граници.