Пет млади лица загинаа во директен судар на Ибарска магистрала

од Vlatko K
107 прегледи

Пет млади лица ноќеска загинаа во директен судар меѓу возила „БМВ“ и „Дачија“, на Ибарската магистрала, кај местото Жупањ, во Општина Љиг, пренесоа утринава белградските медиуми.

Според првичните сознанија уште четири лица, кои во несреќата се здоболе со тешки повреди, се во животно загрозувачка состојба.

Несреќата се случила еден час по полноќ.

Четири од загинатите биле во „Дачијата“, додека едно во “БМВ-то’, пренесуваат медиумите во Србија.