Светскиот македонски конгрес (СМК) денеска ќе го одржи 29-то Генерално собрание на кое ќе ја ратификува Декларацијата за заштита на бракот и семејството од граѓанско-верската платформа „Сојуз за живот“.
На Генералното собрание треба да бидат донесени и неколку резолуции за национални прашања.
Утре, пак, пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, а по повод Светскиот ден на семакедонското помирување и обединување, ќе биде одржана панихида за сите загинати и упокоени знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и државноста на Македонија, наведуваат од СМК.