Гуаидо: Мадуро денеска ќе го распушти Парламентот, можни нови апсења на пратеници

од desk4
108 прегледи

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо изјави дека претседателот Николас Мадуро се подготвува да го распушти Парламентот и да распише нови избори. Според него, тоа може да ја заостри политичката криза во државата.

Гуаидо е претседател на Националното собрание каде мнозинство има опозицијата.

Тој нагласи дека одлуката ќе биде донесена денеска од Уставното собрание – паралелен законодавен орган под контрола на владејачката Социјалистичка партија. Гуаидо тврди дека можни се нови апсења на пратеници.