Осомничениот за нападот врз џамијата во Осло не признава вина

од desk4
158 прегледи

Лицето кое се сомничи дека во саботата се обиде да изведе напад врз џамија во Осло и дека ја убил полусестрата во одвоен напад, не признава какво било злосторство и не соработува со иследниците,  изјави денеска неговата адвокатка, пренесува Фена.

-Тој го  користи своето право да не биде испрашуван. Тој не призна никакво злосторство, изјави адвокатката Уни Фриес за британските медиуми.

Филип Мансхаус (21), кој живее во близина на Исламскиот центар Ал-Ноор, непосредно до норвешката престолнина, пред нападот изразувал екстремно десничарски и антимигрантски ставови, соопшти полицијата.

Се очекува судиите да донесат пресуда на полициското барање за негово официјално апсење, соопшти регионалниот суд во Осло.

Полицијата инсистира Мансхаус да го држи во притвор под сомнение дека сторил убиство, како и дека го прекршил антитерористичкиот закон со ширење страв меѓу населението.

Тој во саботата бил совладал од 65-годишен член на обезбедувањето на џамијата, кој успеал да му го одземе оружјето, спречувајќи го да погоди било кого во верскиот објект.

-Обвинителите бараат осомничениот да се држи во целосна изолација четири недели, без било каков пристап до надворешни комуникации, посетители или било какви медиуми, наведува полицијата во соопштение.

-Истрагата се уште е во почетна фаза и осомничениот не даваше никакви изјави за полицијата, се додава во сооштението.

Рочиштата нема да бидат отворни за јавноста.

Мансхаус денеска во судница се појавил со црни модринки околу очите и рани по лицето и вратот, пренесуваат британските медиуми.с