Демонстрантите повторно го блокираа аеродромот во Хонг Конг

од desk4
94 прегледи

Стотици демонстранти денеска повторно протестираат на аеродромот во Хонг Конг.

Тој е еден од најпрометните аеродроми во светот. Поради вчерашните протести на главниот терминал беа откажани сите летови.

Хонгконшката авиокомпанија „Катај пасифик“ се закани со откази на вработените кои ги поддржуваат, како што наведоа во соопштение, „незаконски протести“.