Кинеските власти го отфрлија барањето на два брода на морнарицата на САД да го посетат пристаништето во Хонг Конг, јави Ројтерс.

  

Двата американски брода требаше да го посетат Хонг Конг во наредните недели.

Во последните денови Кина презеде построги мерки  против растечките протести во поранешната британска колонија.

Илјадници жители на градот веќе со недели одржуваат протести против владата на Пекинг.