Пакистан бара од ОН итна седница на Советот за безбедност во врска со Кашмир

од desk4
100 прегледи

Пакистан побара ОН да свика итна седница на Советот за безбедност поради се поголемите тензии меѓу Исламабад и Њу Делхи по одлуката на Индија да укине специјален статус на спорната држава Џаму и Кашмир.

– Ситуацијата предизвикува непосредна закана за меѓународниот мир и безбедност, изјави пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши во писмо до Советот за безбедност.