Кинески сили најверојатно воена полиција се собраа денеска на стадион во град во близина на Хонг Конг.
Според западни медиуми се работи за „неколку илјади лица во униформи опкружени со воени возила“. Во близина на стадионот во градот Шенжен регистрирано е присуство и на воени камиони и борбени транспортери.
Главниот уредник на Глобал тајмс, Ху Сиџин изјави дека военото присуство во Шенжен е знак дека Кина се подготвува да интервенира во Хонг Конг.