Привремениот претседател на Венецуела и лидер на опозицијата Хуан Гуаидо се изјасни против присуството на руски воени бродови во територијалните води на земјата.

„Ние не го одобривме присуството на руски воени бродови на територијата на земјата затоа што тоа би било сериозно кршење на суверенитетот на Венецуела “ , рече Гуаидо.

Според него, владата на Николас Мадуро сака преку руските бродови да покаже меѓународна поддршка за неговата моќ.

  Потсетуваме дека владата на Мадуро одби да учествува во следниот круг разговори со претставниците на опозицијата.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за замрзнување на целиот имот на владата на Венецуела во Соединетите држави.