Воената полиција на Бразил соопшти дека тие го „ неутрализирале“ човекот што грабнал патници заложници цел  автобус на мостот што ги поврзувал Рио де Жаанеиро и Нитерои.

Во објавата на Твитер, полицијата соопшти дека сите заложници се ослободени откако снајперист застрелал маж кој користел играчка пиштол за извршување на нападот .

Полицијата го опколила автобусот, на кој киднаперот наредил да запре на мостот. Се проценува дека никој од 37 заложници не е повреден.

Претходно, беше дојавено  дека маскиран маж, за кој се верува дека е воен полицаец, го киднапирал автобусот .

Нападот е извршен во 5:30 утринава по локално време. Навидум дезориентираниот киднапер  се позиционирал како воен полицаец, наредувајќи му на возачот да запре, а потоа да го премине мостот кон Рио. Мажот  ослободил најмалку шест лица .

 

Патната и воената полиција беа испратени на местото на настанот. Сообраќајната полиција го запре сообраќајот преку мостот кон Рио. Мотивите на човекот не се познати .

Еден локален сајт објави порака на социјалната мрежа WhatsApp, напишана од еден од патниците во автобусот, во која пишува дека вооружен маж им ги врзал рацете на патниците и носел молотов коктел, како и пиштол.