Јовески: Советот на ЈО може да определи в.д. раководител на СЈО

од Vladimir Zorba
115 прегледи

За синот на Катица Јанева нема доволно основано сомнение дека е вмешан во какви било нелегални активности, истакна денеска на прес-конференција обвинителката Вилма Русковска по приведувањето на Специјалната обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

Рускоска рече дека засега нема докази дека било кој друг колега е вмешан и дека моментално само е поднесен предлог за мерка притвор за Јанева.

-Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нема барање за претрес на домови на политичари, а доколку има можеби е тоа по барање на друго обвинителство и тоа е друг случај кој не е поврзано со овој.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на прашање рече дека согласноласно Законот сo кој е основано СЈО се уште има мандат и доколку Јавниот обвинител кој раководи со ова Обвинителствот е спречен, тогаш Советот на ЈО треба да го констатира и веднаш да определи в.д. обвинител кој ќе раководи.

Слични содржини