Нова свадба во кралското семејство

од Vlatko K
156 прегледи

Кралските свадби се од оние светски настани за кои се зборува многу пред да се случат и откако
веќе се факт.


Свадбата на принцот Хари и Меган Маркл се претвори во настан на 2018 година, а неколку месеци
подоцна дојде и друга кралска свадба – онаа на принцезата Еужени и нејзиниот избраник Џек
Бруксбенк. Направени се еден куп споредби помеѓу двата настани од медиумите на Островот, кои
се едноставно неизбежни, барем заради протоколот.

И сега на хоризонтот има уште една свадба, за која ќе се дискутира во следните неколку месеци.
Сестрата на веќе омажената принцеза Еужени – Беатрис, исто така, ќе се упати кон олтарот.

31-годишната принцеза од Јорк е ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон. Таа присуствуваше на
сите големи кралски настани, а сега дојде нејзиниот ред да биде во центарот на вниманието.

Веќе неколку месеци кружат гласини дека Беатрис била верена со 35-годишниот милионер за
недвижнини Едуардо Моци, но сè уште нема официјална потврда од палатата