Џеј Џеј Абрамс: Учеството на Кери Фишер во „The Rise of Skywalker“ е судбина

од Vlatko K
163 прегледи

Вклучувањето на покојната актерка Кери Фишер во најновиот филм „Star Wars: The Rise of
Skywalker“ е судбина, вели режисерот на филмот Џеј Џеј Абрамс.

Според него, тој го сфатил oвa благодарение на мистериозна белешка од самата Фишер, која ја игра
улогата на принцезата Леја во оригиналната вселенска трилогија.

Иако актерката почина пред скоро три години, кадри снимени во 2015 година за време на „The
Force Awakens и овозможуваат да учествува во последната лента на сагата.

Нејзиното учество во „The Rise of Skywalker“ ја објаснува мистериозната нота што Фишер ја остава
на Абрамс на крајот на нејзината биографија. Таму таа пишува: „Благодарение на Џеј Џеј Абрамс
што ме издржа двапати“.

Кога Фишер ја напиша својата биографија, режисерот работеше само еднаш со неа.
„Судбина е да работиме заедно втор пат, иако на овој начин“, прокоментира Абрамс за време на
конвенцијата на „Дизни“.