SpaceX успешно го тестира својот прототип Starhopper (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
207 прегледи

SpaceX успешно го тестираше својот прототип Starhopper, пренесува Ројтерс.

Основачот на компанијата Елон Маск објави видео од тестот, направен од новиот комплекс на SpaceX во Тексас. На снимката се гледа како прототипот непречено се крева во воздухот, достигнувајќи висина од околу 150 метри, а потоа се спушта на подлогата за лансирање. Летот трае 57 секунди.

За тестот, Starhopper беше опремен со единечен мотор Raptor, кој е во фаза на развој. Во иднина, SpaceX планира да инсталира три мотори Raptor на своите бродови кои ќе се упатат кон Марс. По успешниот тест, Маск им се заблагодарил на вработените во компанијата.

Според страницата na SpaceX, Starhopper е наменет за суборбитални летови. Во текот на нивниот развој, тие ќе ги тестираат инженерските решенија што треба да ги постават во поголемиот дел Starship за летови до Месечината и Марс.