„Чајна дејли“: Војската ќе реагира ако се влоши ситуацијата во Хонг Конг

од Vlatko K
152 прегледи

Весникот Чајна Дејли објави  денеска дека целта на стационирање кинески трупи во Хонг Конг не е симболична и дека тие нема да имаат причина да не реагираат доколку ситуацијата во градот се влоши.

Кина вчера заврши со рутинска ротација на воздушните, копнените и поморските сили во Хонг Конг, поранешна британска колонија каде што се одржуваат антивладини демонстрации од јуни.

Одредот војници на Народноослободителната армија е стациониран во Хонг Конг од 1997 година.

Според аналитичарите, гарнизонот има меѓу 8000 и 10.000 војници кои се во бази на југ во Кина и во низа касарни во Хонг Конг кој има статус на специјална административна област. „Иако владата во таа област досега не чувствуваше потреба да го повика гарнизонот, тоа не значи дека тоа нема да го направи ако затреба“, наведува весникот.