Хју Грант го нападна Борис Џонсон на Твитер

од Vlatko K
166 прегледи

Актерот Хју Грант го нападна Борис Џонсон на Твитер, нарекувајќи го британскиот премиер
„премногу рекламирана гумена играчка за бања“.

Ѕвездата на филмот „Четири свадби и погреб“ одговори на Твитер на видео во кое Џонсон ја
објасни својата одлука да ја „замрзне“ работата на парламентот во септември – потег што тој рече
дека имал за цел да ги спречи парламентарните расправи за „Брегзит“.

Вчера, Кралицата ја одобри молбата на Џонсон за стопирање на работата на парламентот не
порано од 9 септември, а не подоцна од 12 септември, до 14 октомври.

Опозиционите лидери се надеваа дека ќе го искористат враќањето после 3-ти септември да
работат на закон за да се спречи „Брегзит“ без договор.