Легендарниот шпански режисер Педро Алмодивар беше почестен за целокупната своја работа со
наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција, нарекувајќи ја наградата „чин на
поетска правда“.

Организаторите на настанот рекоа дека Алмодовар е „најголемиот и највлијателниот шпански
режисер уште од Луис Бунуел“.
За прв пат, Алмодовар добива награди од поголемите европски фестивали како Кан и Венеција. Тој
има режирано 21 игран филм.
Алмодовар го претстави својот прв филм во Венеција во 1983 година, но ова е негово второ
појавување на фестивалот од 1989 година со „Women on the Verge of a Nervous Breakdown“, што
предизвика контроверзии кога претседателот на жирито посочи дека не е доволно сериозен.