Туск: Сите ние сме жртви на внатрешната политика на Велика Британија

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон може да реши да ја реализира идејата за „Брегзит“ по секоја цена само за да ги реши домашните проблеми, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, цитиран од агенциите.

„Главниот политички проблем со „Брегзит“ е ситуацијата во Велика Британија. Емоциите поврзани со ова покажуваат дека сите ние сме жртви на британската внатрешна политика“, рече Туск вчера на приватниот ТВ канал „Те Фау Ен 24“.

„Не е исклучено Борис Џонсон да посака да ја повлече Велика Британија од ЕУ по секоја цена, само за домашни интереси“, додаде Туск.