Добитникот на „Оскар“, Метју Меконахи (49) ќе стане професор на Универзитетот во Тексас, каде
што ќе предава на одделот за радио, телевизија и филм оваа есен, пишува „Тајмс“.

Меконахи веќе беше гостински говорник на кампусот во Остин во 2015 година, а универзитетот
неодамна го назначи именувањето како признание за „неговата извонредна работа како учител и
ментор“.
Тој ќе продолжи да предава во класата за креирање филмови – од сценарио до целосен филм, за
што создаде програма.
Универзитетот тврди дека Меконахи бил почитуван поради неговата „желба да работи со студенти
надвор од училницата“.
Меконахи ја доби својата диплома во областа на филмската уметност во 1993 година од
Универзитетот во Тексас во Остин.