Дали знаевте? Возењето по високите температури може да доведе до некои сериозни проблеми со вашиот автомобил.
1. Сопирачки
Прегревање на сопирачките во најлош случај може да доведе до нивно целосно откажување.
2. Гуми
Гумата на тркалото може да се дезинтегрира на голема жештина, а опасноста е многу поголема доколку гумите не се доволно напумпани. Возењето со недоволно напумпани гуми по голема жештина може да го зголеми ризикот за нивно пукање за 60 отсто. Топлината може да предизвика и до ширење на воздухот внатре во гумите и зголемување на притисокот во гумите.
3. Моторно масло
Кога возите по жештина, моторното масло кое циркулира во моторот малку ќе се разреди поради високите температури. Тоа значи дека некои делови од моторот нема да ја добијат потребната заштита.
4. Гориво
Горивото испарува многу побрзо во жежок автомобил отколку кога тој е ладен затоа е важно автомобилот да остане под сенка кога е паркиран.
5. Акумулатор
Многу топлото време може да наштети на хемиските процеси во внатрешноста на акумулаторот што значи дека тој ќе има проблеми со напонот и нема да може да создаде доволно електрична енергија. Проблемот ќе биде уште поголем доколку во автомобилот е вклучена и климата.