Почна размена на затвореници меѓу Москва и Киев

од desk4
94 прегледи

Започна долгоочекуваната размена на затвореници меѓу Москва и Киев, објави руската државна телевизија, пренесувајќи снимки од автобуси кои излегуваат од затворот Лефортово, близу Москва.

„Автобусите заминаа од затворот Лефортово како подготовка за размена на затвореници“, објави Русија 24 канал. Дописникот на АФП изјави дека видел два затемнети  автобуси кои излегуваат од највисокиот безбедносен затвор, придружувани од полициски конвој.