Ураганот Доријан продолжува да уништува po својот пат. Природната непогода сега го погоди атлантскиот брег на Канада како втора категорија , јавуваат АФП и други медиуми.
Десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија во регионот . Невремето ги искорна дрвјата и предизвика огромни бранови од 20 метри.
Јужно од Халифакс, се евидентираат ветрови од 150 км / ч, а ураганот носи со себе пороен дожд . Невремето сега е опишано како „многу интензивен посттропски циклон“, но канадскиот центар за урагани предупреди дека сè уште носи ветер со брзина еквивалентна на онаа на ураганот од категорија 2.
Повеќе од 450.000 домаќинства се без електрична енергија.
Доријан ќе продолжи да се движи кон северо-исток.
Ураганот однесе десетици животи на Бахамите . Исто така, предизвика огромна штета на југоисточниот брег на САД.
