Наскоро ќе почне изведбата на нов спортско – aдреналински парк во Општина Карпош, за што Општина Карпош доби грант, неповратни средства од 890 илјади евра од страна на Светска банка.

„Овој потег, од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец целосно ќе се разубави, со ново зеленило, како и содржини за спорт и рекреација на граѓаните. Локалната самоуправа интензивно работи на проектни апликации за добивање на средства од европски фондови и други меѓународни институции“, рече Филип Даскаловски, советник во Советот на општина Карпош.
Појасни дека во моментов, се работи на инклузивно детско игралиште во Влае 2, на плоштадот „Делфина“, за кое исто така е добиен грант од 50.000 евра од Швајцарската агенција за соработка и развој преку Скопски плански региони.
На овој начин, значително се заштедуваат и пари на граѓаните, затоа што Општината добива средства кои се неповратни.