Во најмалку пет француски нуклеарни централи се откриени проблеми

од desk2
126 прегледи

Најмалку пет нуклеарни централи , со кои стопанисува француската комунална компанија ЕДФ , можеби имаат проблеми со заварувањето или со генераторите на пареа.

Државната компанија ЕДФ соопшти дека утврдиле проблематични места на заварените делови во генераторите на пареа на одделни реактори.

Станува збор за нуклеарни реактори кои одземаат топлина од основен систем за ладење и го користат за производство на пареа. Пареата ја придвижува турбината и генераторот што произведува електрична енергија.

„Проблемот е утврден во најмалку пет нуклеарни реактори. ЕДФ сугерираше дека точниот број на реакторите во кои се пријавени проблеми треба да биде објавен за околу една недела“, ја цитираше весдникот Ле Фигаро изјавата на шефот на регулаторот Бернар Дорошчук.

Портпаролот на француската компанија изјави дека немаат намера да ги затворат реакторите, но ситуацијата би можела да се промени и предметот ќе го реши АСН, додаде тој.

“Ние темелно го проверуваме секој дел од реакторот што може да биде погоден од проблемот. Врз основа на истрагата, ќе ги утврдиме опциите за санација”, заклучи тој.

Евентуалното исклучување на реакторот пред зимата со зголемувањето на потрошувачката ќе влијае на производството на електрична енергија во Франција, што во голема мерка зависи од нуклеарната енергија.