Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во Краснојарск . Ова го објави ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за вонредни ситуации.

„ Во 22:26 часот во Москва , во реон  во Краснојарск имало пожар, и само по осум минути  , од прозорецот на третиот кат имало  отворен пламен. За време на елиминацијата на пожарот, пронајдени се телата на осум лица, меѓу кои и четири деца “, стои во извештајот. 

Регионалната канцеларија на Министерството за вонредни ситуации соопшти дека започнала полициска истрага. 

Според извор на одделот за итни случаи, пожарот започнал поради неправилно ракување со гас или краток спој.