Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

од desk4
231 прегледи

Пентагон ќе му претстави широк спектар на воени опции на американскиот претседател Доналд Трамп кој размислува како да одговори на, како што велат функционери во неговата администрација, иранскиот напад без преседан врз саудиската рафинерија.

Опциите ќе бидат претставени на денешниот состанок во Белата куќа, а меѓу нив е и список со потенцијални цели за воздушни напади во Иран.

Трамп исто така ќе биде предупреден дека воена акција против Исламската Република може да ескалира во војна, изјави неименуван американски функционер.

Состанокот најверојатно ќе биде прва прилика за донесување одлуки за тоа како САД ќе одговорат на нападот врз нивниот клучен блискоисточен сојузник, коментираат светските агенции.