Полицијата во Париз употреби солзавец против жолтите елеци, 90 лица уапсени

од desk2
121 прегледи

Париската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се обидуваат повторно да го оживеат движењето „жолти елеци“  со протест против економските мерки и против претседателот Емануел Макрон.

Полицијата соопшти дека до пладне се уапсени 90 лица, и стотина биле спречени да се соберат на авенијата Шанзелизе.

За растерување на мали групи демонстранти се ангажирани околу 7.500 полицајци кои употребиле солзавец во централните делови на градот каде не е одобрено одржување на протестот.

Затворени се повеќе од 30 метро станици.

Повеќето демонстранти не носеле флуоресцентни елеци по кои движењето го доби името.