Познато кога популарните телефони на Huawei ќе добијат EMUI 10

од Vladimir Zorba
135 прегледи

За време на IFA саемот на почетокот на овој месец, Huawei покажа кога некои од нејзините популарни производи ќе добијат ажурирање до следната голема верзија на Android, и до новиот интерфејс EMUI 10.

Иако со ситни букви пишува кога ќе стартува бета верзијата, тоа сепак може да се однесува на конечните изданија, бидејќи бета програмата за P30 започна во почетокот на септември.

По последната бета верзија, останува обично многу малку време до официјалното ажурирање, така што овие информации ни даваат приближна идеја за тоа кога да го очекуваме следното големо ажурирање.

Новиот интерфејс ќе дебитира со серијата Mate 30, при што дистрибуцијата ќе продолжи во ноември за сериите P30 и декември за серијата Mate 20 (не се споменуваат „лајт“ верзиите), Honor 20, 20 Pro и View20.

Кампањата ќе продолжи следниот март за P30 lite и сериите P20 и Mate 10, а во вториот квартал надградбата ќе биде достапна и за останатите модели.