Судан ја затвори границата со Либија и Централноафриканската Република

од desk2
179 прегледи

Суданските власти одлучија денеска да ги затворат своите граници со Либија и Централноафриканската Република од безбедносни причини, и ова е прва мерка што ја презедоа новите власти од смената на претседателот Омар ел Башир во април годинава.

„Суверениот совет, на состанокот со локалните власти на јужен Дарфур, нареди затворање на границите со Либија и Централноафриканската Република поради заканите по безбедноста и економијата на Судан“, се вели во соопштението.

Судан во август го основаше Суверениот совет  за да го надгледува преминот од воена во цивилна власт, по три децении авторитарен режим и неколку месеци по демонстрациите.