
Пред околу една недела, Facebook откри дека работи заедно со Ray-Ban и Oakley за создавање модерни AR очила. Затоа компанијата повторно не потсети дека виртуелната и додадената реалност се составен дел на иднината.
Завчера, 25 септември, за време на конференцијата „Oculus Connect 6“, подружницата на компанијата – Facebook Reality Labs (FRL) ја надополни оваа слика откривајќи точно како би изгледала оваа иднина.
Директорот на FRL, Мајкл Абраш, излезе на сцената да ни ги покаже технологиите на кои тој и неговите луѓе работат во последните години.
Според Абраш, виртуелната реалност „ќе стане најмоќната и најкреативна средина за човечка соработка што некогаш постоела“.
За да се случи ова, FRL работи во две главни области – создава целосно реални аватари кои се комплетно лесни за корисниците и создаваат реална виртуелна средина, што луѓето ќе можат да ја споделат.
Во однос на аватарите, кои FRL ги нарекува Codec Avatars, напредокот е доста сериозен, со готова технологија за репродукција на човечкиот раст. До денес, се работи засилено на мимики и движења на аватари за да се создаде слика, која нема да се разликува од реалноста.
Што се однесува до виртуелната околина, FRL веќе има технологија што создава екстремно детални виртуелни простори засновани на информации добиени од физички простории, сали и објекти.
Според Абраш, VR технологијата сè уште добва на брзина, но во одреден момент таа ќе стане поважна за нас, отколку што се компјутерите и лаптопите.
Сепак, тоа ќе се случи во наредните децении бидејќи сè уште има многу аспекти на новата технологија што треба да се усовршат.