Новинарите од Сараево на протест

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Денеска во Сараево е одржан мирен протест во кој новинарите бараат измени во законот за тие да добијат службен статус и нападите кон нив да се третираат како кривично дело.

Поводот за собирот пред фудбалскиот клуб Сараево следел откако нивен навивач ги нападнал новинарите и вработените во Радио Сараево.

Генералниот секретар од Друштво на новинари ,Ферџат Форто, изјавил дека е застрашувачки фактот дека дури 50 озбилни напади застареле.

Фарук Веле, уредник на порталот на Радио Сараево, истакнал дека новинарите денес се собрале да им дадат поддршка на колегите кои претрпеле одреден вид на притисок или напад.

„Ова е поддршка за колешката Гордана Катин, Мелиха Смајкиќ, Владимир Ковачевиќ и за сите колеги кои изминативе години биле нападнати. Многу е тешко да се биде новинар во БиХ и секој ден е се потесшко да се работи. Сакаме да кажеме, државо, заштити не, ние имаме право на работа и слобода“, посочил Веле.

Поддршка за новинарите во нивната борба денеска дале политичарите Сенад Шепиќ (Претседател на Независен блок) и Саша Магазиновиќ (Пратеник на СДП во Парламентот).