Купил автомобил преку интернет и никогаш не го добил!

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Службениците од полициската станица во Ријека добиле пријава за сторено кривично дело компјутерска измама.

Се работи за кривично дело во кое оштетениот 53-годишниот хрватски државјанин од непозната личност нарачал автомобил.

Имено, иако оштетениот го уплатил договорениот износ на пари, возилото до ден денес не му е испорачано, а материјалната штета е проценета на десетици илјади куни.

Полицијата ги советува граѓаните да бидат внимателни кога купуваат преку интернет, а тоа посебно се однесува на купување скапи работи од непознати физички или правни лица во странство кои не нудат лично преземање на купената роба.

Полицијата дадава дека јасен знак дека се работи за измама е и нереалната цена на производот во однос на пазарот.