Целосно безбеден секс речиси и да нема, дури и кога сте сигурни дека сте ги презеле сите потребни мерки. Вистина е дека дури и во бакнежите се крие одредена опасност.
Затоа, сексолозите направиле поделба во која ги рангираат сексот и сексуалните активности според тоа колку се загрозувачки за здравјето.
1. Целосно безопасни – постои само мал ризик за кожна инфекција или пренесување настинка
– Секси масажа на телото
– Триење тело од тело
– „Суви“ бакнежи во образ или врат
– Бакнежи без орален контакт на гениталиите
– Самозадоволување
2. Малку опасни – ризиците се исти како и во првата точка, со малку поголема шанса да се случат
– Француски бакнежи
– Взаемна мастурбација
– Секс со кондом
3. Умерено опасни – можност за повеќе зарази и инфекции
– Орален секс без заштита
– Задоволување со триење на гениталиите
4. Многу опасни – висок ризик за зараза со полово преносливи болести, како и за несакана бременост
– Вагинален и анален секс без користење никаква заштита