Пацоли: Трамп сака Србија да го признае Косово

од desk3
176 прегледи

Косовскиот министер за надворешни работи во оставка Беџет Пацоли го поздрави иманувањето на американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел за специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пацоли преку својата страница на Фејсбук порача дека „ова ја потврдува посветеноста на Соединетите Американски Држави за процесот и личната заинтерeсираност на претседателот Трамп за меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија“.

– Последниве недели постојано повторувам дека дијалогот треба да се затвори од новата влада. Наша главна задача и стратешки интерес е да се поврземе со нашите партнери, да работиме со нашите пријатели. Претседателот Трамп сака Србија конечно да го признае Косово и ние ќе го поддржиме тоа, затоа што е интерес и на Косово, напиша Пацоли.