Помпео: Црна Гора е важна, да се работи на владеење на правото и слободата на медиумите

од desk3
114 прегледи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора е важна за регионалната стабилност, но потребно е да се работи на јакнење на владеење на правото и слободата на медиумите.

На прес конференција по средбите со црногорскиот државен врв тој истакна дека не смее да има напади врз новинари, како што беше случајот со новинарката Оливера Лакиќ.

Помпео, кој престојува во прва официјална посета на Црна Гора, додаде дека двете држави склучиле договор за набавка на воена опрема вреден 36 милиони долари.

„Вијести“ пишува дека американскиот дипломат ја пофалил и соработката меѓу двете држави и заедничката борба против опасностите на 21 век.

– Црна Гора е важна за регионалната стабилност, нагласи Помпео.