Помпео: САД и Црна Гора го заштитија светот од рускиот софтвер

од desk3
135 прегледи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД и Црна Гора успеале да го заштитат светот од „рускиот малициозен софтвер“.

Тој ова го рече на конференција по состанокот со црногорскиот премиер Душко Марковиќ.

„Благодарение на директната соработка на САД со Црна Гора во областа на кибер безбедноста, ние успеавме да развиеме заштита од најновиот руски малвер софтвер, а која штити милијарди уреди ширум светот“, рече Помпео.

Помпео денеска се состана со црногорскиот државен лидер во Подгорица.