543
Од компирите можете да направите вкусно пире, а зошто тоа да не ви послужи како основа за мафини, кои можат да ви бидат и појадок и ручек и вечера, па дури и ужина.
Потребни состојки:
Две полни чаши пире од компир (може и инстант)
3 јајца
Една чаша изрендано сирење или пармезан
100 гр пропржена сланина или шунка
Сол, копар, сув лук, бибер…
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги сите состојки. Оставете малку од ренданото сирење за посипување. Во намастени калапи за мафини ставајте по една лажица од смесата и посипете ја со сирење.
Печете околу 20 минути, во претходно загреана рерна на 200 степени. Послужете со кисела павлака, а може и со уште сирење или со јогурт. Ако ви останат мафини, чувајте ги во фрижидер, но не подолго од два дена.