Крива Паланка утре одбележува 75 години од ослободувањето

од Vladimir Zorba
297 прегледи

По повод 8-ми Октомври-75 години од денот на ослободувањето на Крива Паланка, денес Советот на општината одржа свечена седница.На одржаната седница беше донесена одлука за доделување на наградите 8-ми Октомври, награда за Почесен граѓанин на Крива Паланка и Признание за особени постигнувања и придонесза развој и афирмација на општина Крива Паланка за 2019 година.

Наградите свечено ќе бидат врачени утре кога воедно и ќе се одбележи овој голем ден за градот.

Имено, наградата “8-ми Октомври” за 2019 година донесена е одлука да се додели на Прим.ДР.Сретимир Николовски од Крива Паланка за неговото повеќедецениско работење во областа на медицината, кое има големо значење за развојот на општината.

Наградата “Почесен граѓанин на Крива Паланка “за 2019 ќе биде доделена на КристианТимоние-амбасадор на Република Франција во Северна Република Македонија, во знак наблагодарност на граѓаните на Крива Паланка за повеќе годишната соработка помеѓу општинаКрива Паланка и Амбасадата на Република Франција, како и негови лични залагања и посветеноство продлабочување на соработката.

Наградата “Признание за особени постигнувања и придонес за развој и афирмација на општинаКрива Паланка” ќе биде доделена на младиот кошаркар Андреј Јакимовски од Крива Паланка занеговите заслуги за промоција , афирмација и достојно претставување на општината, но и надржавата надвор од границите во областа на спортот.

На седницата исто така, беше донесена одлика за доделување на Благодарница во чест напразникот на општината ,чија награда ќе оди во рацете на кошаркарскиот клуб „Крива Паланка”за нивните залагања и достигнувања во областа на спортот.

Како дополнителна одлука на седницата беше одлуката за доделување на парични сретства залекување на 13 годишната Сандра Ангеловска од Крива Паланка.

Свечената академија на која, воедно ќе бидат врачени сите претходно споменати награди ќе се одржи утре во Центарот за култура во Крива Паланка од 12 часот.

По повод празникот на градот 8-ми Октомври, исто така следуваат низа свечени настани иактивности на кои ќе присуствуваат голем број на гости од соседните и од збратимените градови од соседството и од Европа, како и бројни гости од регионот и претставници на Владата на РС Македонија.

Градоначалникот наКрива Паланка денес на Свечена седница зборуваше за залагањата на општината зарешавање на проблемите на градот и граѓаните наведувајќи ги сите проекти од претхониотпериод на кои неуморно се работеше,но и оние проекти на кои допрва ќе се работи со истиотелан, се со цел Крива Паланка да биде вистински среден град со отворени можности за сите.

Градоначалникот Мицевски во своето обраќање на денешната седница пред присутните меѓудругото рече:

„Она што е од посебно значење за нас, денес кога ја одбележуваме 75 годишнината од нашатапоблиска историја, е и фактот што токму оваа 2019 г. Република Северна Македонија е на праготза влез во НАТО и добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Ова не само штотреба да значи подобрување на социоекономската состојба на граѓаните, туку и стабилизирање на Балаканот и регионот во поширока смисла на зборот. И искрено се надевам дека, патот по кој чекориме кон ЕУ и НАТО, широко ќе ни ги отвори перспективите за подобар и поубав, а пред семодерен град, кој ќе нуди отворени можности за сите“.

Слични содржини