Популарната пејачка кон крајот на месецов ќе ја издаде автобиографијата која ќе биде едноставно наречена „Ријана“ , а во нејзе обожавателите ќе добијат 504 странци со над 1000 нејзини фотографии. Некои од фотографиите јавноста веќе ги има видено, а сите заедно се сликовит приказ на нејзиниот живот од детството до денес.
– Од детството на Барбадос, преку нејзините турнеи, до модните моменти и приватни средби со пријатели и семејството, книгата ќе прикаже интимни фотографии за нејзиниот живот како музичарка, изведувачка, дизајнерка и шоу девојка- велат од издавачката куќа „Фајдон“.
Ријана на проектот работи скоро пет години и одвај чека да ја сподели колекцијата фотографии со обожавателите.
– Многу сум возбудена да ја споделам оваа неверојатна колекција од фотографии. На тоа работам во изминативе пет години и среќна сум што конечно проектот ќе ја доживее својата промоција – изјави Ријана.
И додека верните обожаватели одвај чекаат да ја добијат биографијата од Ријана, други коментираат дека тоа воопшто нема некоја вредност бидејќи не е биографија туку обичен албум со нејзини фотографии кои можат да се најдат во секое време на интернет.