252
Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма обвини дека директорката на Централен регистар и неколку регистратори одбиваат да направат опомена на сопственоста на депонијата Дрисла, денес со демант се јавија од Централниот регистар, во кој наведуваат дека не постоел законски основ за одлучување и дека не се јасни причините за критика упатени од градоначалникот.
Централниот регистар го повика Шилегов да поведе постапка за ништовност на упис пред надлежниот суд за кој има законски основ.