СДСМ демантираат дела ветиле вработување на 300 пилоти од Арачиново

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија најостро ги демантира лагите изнесени во телевизиската емисија „Клик плус“ на ТВ21, дека наводно на жители на Арачиново им било ветувано дека ќе бидат вработени дури 300 пилоти.

„Лицето кое го изнесува ова лажно тврдење е син на поранешен кандидат за градоначалник на Арачиново кој во Грција бил уапсен за нелегален транспорт на мигранти, а бил фатен и со наркотици. Дополнително, за време на кампањата за претседателските избори Билали сакал да отвори изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново иако таа партија таму нема никаква база, што дава и оправдан сомнеж за политичка заднина на изнесените невистини“, стои во соопштението, во кое се изнесува дека станува збор за лажни вести и дека тоа што зачудува е потребата тв 21 да отстапува медиумски простор за лица со сомнителен кредибилитет и апел до медиумите да ги проверуваат информациите пред да ги пласираат во јавноста.

„Зачудува потребата на ТВ 21 да остава медиумски простор на личности со сомнителна позадина и сомнителен кредибилитет, кои шират лаги за наводни вработувања на 300 пилоти, иако се знае дека потребата од пилоти во државата е далеку помала, без притоа да побара став од СДСМ.

Апелираме до медиумите да ги проверуваат изнесените информации и на тој начин да дадат придонес во бробата против лажните вести“, се наведува на крајот на соопштението.

Слични содржини