Шведското кралско семејство се намали за пет члена

од desk4
390 прегледи

Поттикнат од одлуката на принцот Хари и Меган Маркл на својот син да му обезбедат што поприватен живот, кралот Карло XVI Густав од Шведска реши пет свои внуци да ги разреши од кралските титули.

Ваквата одлука петте мали принцови и принцези да не се повеќе дел од кралското семејство, наиде на големо изненадување кај јавноста. Ова се однесува на децата од принцезата Маделин и Крис О’ Нил, како и принцот Карл Филип и принцезата Софија. Петте деца бидејќи веќе не се дел од кралското семејство нема да им се обраќаат со „ваше кралско височество“.
На овој потег кралот се реши за да ги заштити внуците од медиумскиот притисок. Со оглед дека децата повеќе нема да мораат да присуствуваат на службени должности, нема да се под будното око на јавноста и ќе имаат безгрижно детство, какво што заслужува секое дете, како и можност сами да си ја изберат животната професија.
Ова не се однесува на седмогодишната Естел и трогодишниот принц Оскар, деца на принцезата Викторија, која е директна престолонаследничка на Шведска и еден ден треба да го преземе престолот од татко ѝ.

Слични содржини