301
Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека истрагата за случајот „Рекет“ се проширува на уште четири лица за перење пари и помагање во делот на измамата.
Дел од досега обвинетите, без да открие кои, Јовески рече дека барале да се постигне спогодба.
Според него истрагата се проширува со четири физички лица и едно правно, обивнителството ќе побара притвор за едно од нив а превентивни мерки за останатите.
Четворицата биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“.